Холандскиот возач и член на Ред Бул доби парична казна после завршувањето на трката во Баку затоа што не испочитува едно правило на FIA, не излезе пред новинарите на прес конференција.
За еден портал на прашањето на новинарот како се чувствувал додека гледаше како тимскиот колега Рикардо победува во Баку, Макс беше брутално искрен: “Срцето ми се кинеше додека го гледав тоа, поготово ако земете во предвид од која позиција тргна Рикардо. Можете сами да заклучите колку бев басен“.
При ова интервју тој објасни зошто го прескокна задолжителниот дел, да излезе пред новинарите: “Едноставно чувствував дека не е вистински момент. Останав уште пола час во гаражата со инжинерите и разговаравме за трката и штелувањето на болидот. После тоа заминав. Сега засега не знаеме кој е дефектот. Свеедно ионака ми треба нов мотор“.
OhridNews