Дисциплинската комисија во Премиер лигата му изрече максимална казна на Златан Ибрахимовиќ за инцидентот на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Бурнмаут кој заврши без победник (1-1). Швеѓанецот ќе паузира три натпревари поради намерното удирање на Тајрон Мингс со лакто. Голгетерот ќе ги пропушти мечевите со Челси во ФА Купот и со Мидлзброу и ВБА во Премиер лигата. 


– Фудбалерите беа инволвирани во два посебни инциденти околу 44 минута и не беа видени од официјалните лица, но се фатени на видео снимките. – стои во соопштението на ФА.


Ибрахимовиќ сезонава пропушти само еден натпревар во Премиер лигата и тоа со Арсенал на Олд Трафорд поради пет добиени жолти картони.

Место три бода за „ѓаволите“, три меча суспензија за Ибрахимовиќ ? (видео)

OhridNews