По три години затвор добија шестмина обвинети демонстранти учесници во насилните протести по судската пресуда во случајот „Монструм“. Со тоа кривичниот суд им ја изрече највисоката казна што ја пропишува законот.

„Оваа казна која е максимална во досегашната судска пракса е највисоката и не е изречена за ниту еден друг предмет“, рече адвокатот Асмир Алиспахиќ.

Пред изрекување на пресудата поради немање докази, повлечено е обвинението за еден од демонстрантите. Уште еден доби ослободителна пресуда. Останатите незадоволни, правда ќе бараат пред повисокиот суд.

„Ниту еден орган во Република Македонија, во било која постапка не докажа дека некој претходно во таа толпа извршил некакво кривично дело со правосилна пресуда, за да може да се постапи понатака и да некој ги обвинува овие лица за учтество во толпа што ќе изврши кривично дело“, изјави адвокатот Љупчо Веселиновски.

Според обвинението, демонстрантите со камења, дрва и бекатон плочи фрлале кон судската зграда и тешко повредиле 20 полицајци. Сите поединечно тврдеа дека не учествувале во протестот и дека несреќно се затекнале на погрешно место, во погрешно време. До правосилност на пресудата шесттемина обвинети остануваат во притвор. Треба солидарно да ја подмират штетата која се проценува на милион и половина денари.

OhridNews

извор МРТ