Со свеченост што ќе се одржи денеска, Заводот за лекување, првенција и рехабилитација на кардиоваскуларни болести од Охрид ќе одбележи пет години од воведување на интервентна кардиологија во своето работење и 5000-та интервенција.

По тој повод  обраќање ќе има директорот на здравствената установа Д-р Никола Бакрачески, кој ќе се осврне на почетоците, развојот и достигнувањата на болницата која од година во година бележи се подобри резултати.

Годишно во кардиолошкиот завод во Охрид се вршат околу 15.000 амбулантни прегледи, преку 30.000 дијагностички процедури и се обавуваат од 1500 до 1700 интервенции, од што околу 350 се животозагрозувачки.

OhridNews