Фудбалерите на Охрид, во период од седум дена од 21 до 27 ноември, ќе одиграат три натпревари во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Малиот маратон мечеви, „рибарите“, во второлигашката конкуренција го започнуваат в сабота на 21 ноември на домашен терен против составот на Дрита. На среде недела, во среда, охриѓани ќе гостуваат кај лидерот на табелата Скопје. Во последниот трет натпревар, избраниците на Драган Бочески силите ќе ги одмерат со кичевски Велазерими. Дуелот се игра на 27 ноември на СРЦ „Билјанини Извори“.

Во пресрет на на распоредот „сабота-среда-сабота“, Охрид, влегува со позитивна серија од две победи на последните три средби без примен погодок и од петтата позиција на табелата. Охриѓани, за сега ги исполнуваат целите во Втората лига, а многу работи ќе станат појасни после трите мечеви во краток временски период.

Здравствениот билтен во охридскиот состав е добар. Поради повреда десеттина дена ќе отсуствува Един Мерсовски, додека преостанатите фудбалери се здрави и подготвени за дуелите во Втората лига.

OhridNews