Обложувалницата „Џокер“ излезе со нови коефициенти за кандидатите за градоначалник на Охрид во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат на 5 април.

За победа на Александар Петрески – СДСМ, коефициентот е 1,85, додека за победа на Кирил Трендафилов – Нанче од ВМРО ДПМНЕ, коефициентот е 1,90.
Овие двајца кандидати беа фаворити и во првиот круг од локалните избори во Охрид. Обложувањето за вториот круг ќе почне по објавувањето на конечните резултати од првиот изборен круг.











