Фудбалерите на Барселона и во петтиот натпревар во „Ла Лига“ успеаја да ја зачуваат мрежата, но овој пат не ни постигнаа погодок на гостување во Малага играјќи 0-0.

Во текот на сите деведесет минути избраниците на Луис Енрике не направија ниту една изгледна прилика за погодок.
Резултати : Алмерија – Атлетико Мадрид 0-1, Еибар – Вилјареал 1-1, Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао 2-1, Гранада – Леванте 0-1, Малага – Барселона 0-0, Севиља – Реал Сосиедад 1-0.
Табела : Барселона 13, Севилја 13, Атлетико Мадрид 11, Валенсија 10, Реал Мадрид 9…
Мх.П.










