Соседската пресметка меѓу Охрид и Напредок во 11 рунда од Првата лига ги разгоре страстите на охриѓани кои по долги години пауза може да уживаат во елитен фудбал.


Еден од редовните посетители на спортските збиднувања во градот, познатиот пливач Александар Маленко е “на два ума“ пред  денешниот меч.

Го сакам Охрид, но ќе го бодрам и Бочески – вели Маленко. Охрид во моментов на својата клупа го има Драган Антиќ кој успеа да “разбуди“ градот и ја има мојата комплетна подршка.

Натпреварот Охрид – Напредок се игра попладнево од 14 часот.

Ohridnews