На средбата на охридскиот градоначалник Александар Петрески со фудбалерите на ФК Охрид, која беше отоворена за сите љубители на фудбалот и спортот учесвуваше и поранешниот пливач Александар Маленко. Тој на фудбалерите им порача в сабота да одиграат со срце, но и да ги бараат своите заостанати премии и плати.


– Им порачувам на фудбалерите да го одиграат мечот во петок во свое име, во име на фудбалот и во име на градот Охрид. Исто така им препорачувам да си ги бараат своите со пот заработени плати. Како и сите вработени така и спортистите добиваат еден месечен надомест, тоа во овој случај не е испочитувано. Од понеделник да очекуваат сето она што им е како долг, да го бараат преку кризниот штаб, во кој ќе влезат преставници на клубот и локалната самопурава преку кој треба што побргу да свика собрание на кое прва точка ќе бидат исплатите на нивните плати.Без тоа како што може да видите од разно разни политичко правни лавирините единствено што страдаат се спортистите – рече Маленко.

Ohridnews