Есеснскиот првак во второлигашката конкуренција Охрид 2004 во трката за местата кои водат во Првата лига ,ќе влезат како лидери со бод предност пред второ и трето пласираните 11 Октомври и Тиквеш.

Ни е сме лидери на табелата и очекувам и во наредните четири месеци да го задржиме тоа место на табелата. Посакувам позитивната атмосфера во клубот да се одржи и да не одведе до заеднички посакуваната цел. Очекувам и градот да му помогне на Охрид 2004 за да остане на првото место и од в година да добие прволигаш – вели претседателот на клубот Гоце Малезанов.

Од клубот велат дека се надминати недоразбирањата со локалната во изминатиот период и со заеднички сили ќе се обидат да стигнат до Првата лига.

Јас не знам зошто излегоа таквите проблеми, кога ние имамве валиден документ од градоначалникот,  зошто испаднаа тие проблеми до ден денес јас не знам. Веројатно целта беше да се поткопаат односите меѓу ФК Охрид 2004 и охридскиот Градоначалник Александар Петрески, но ние и понатаму остануваме добри пријатели со градоначалникот и и ќе продолжиме да ги гаиме тие пријателски односи и заеднички на овај град ќе му ја донесеме титулата – потенцираше Малезнов.

Во февруари се планирани неколку пријателски средби со екипите кои ќе се подготвуваат во Охрид и тоа српските Хајдук Кула и Смедерево, како и македонските прволигаши  Металург и  Силекс.

М.П.