Група млади од Охрид самоиницијативно во текот на вчерашниот ден организираа и направија хуманитарна акција за помош на 12-годишниот Јован кој го повреди петтиот пршлен и заврши во болницата Систина. За неговото лекување се потребни околу 20.000€.

Во акцијата беа вклучени околу 50 деца кои за само неколку часа успеаа да соберат околу 1000€.

Акцијата продолжува и вечерва.

Сите хумани граѓани, компании, здруженија и организации кои сакаат да помогнат, тоа можат да го направат со донација на 100 денари на телефонските броеви: A1 – 143 460, Телеком – 143 117, или да уплатат средства на:

Жиро сметка: 210 – 700000666623 НЛБ Банка (донации од Македонија)
Девизна жиро сметка: МК07210501751597434, SWIFT TUTNMK22 (донации од странство).

Г.М.

Охриѓани сплотени во поддршката на младиот Јован кој се лекува од тешка повреда