Малиот Кирил Митрески кој го обедини Охрид во хумана битка за живот, повторно е хоспитализиран. Причина за ова како што во име на таткото Горан на неговиот фејсбук профил објави Ina Mnogufina e брзото ширење на туморот.
„Таткото на Кирил ме замоли да објавам една важна вест, денес стигнале резултатите од биопсијата, за жал, туморот на Кирил е инвазивен и брзо се шири. Повторно се хоспитализирани. Во моментов се во контакт со ФЗО кој дава максимум се да се покрие за понатаму. Доколку има потреба од повеќе, ќе објавиме пак броеви и ќе помогнеме сите! Кирил, со тебе сме малечко!“ – пишува на постот објавен на фејсбук профилот на таткото на Кирил.
Единаесетмесечниот Кирил Митрески, охриѓанец по татко, на почетокот од март успешно беше опериран од тумор на мозокот во болницата Аџибадем во Истанбул Турција, а по земениот материјал за биопсија тој беше испратен на домашно лекување. По неповолните резултати добиени од биопсијата тој повторно е хоспитализиран и ја продожува битката со тешката болест.
Трошоците за операцијата во целост ги покри Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Со цел да се помогне на малиот Кирил во текот на февруари и март во Охрид беа организирани низа хуманиратни настани и акции, а беа отворени и специјални телефони за донација. Средствата кои беа собрани ќе бидат искористени за покривање на трошоците кои ќе ги има семејството во понатамошното лекување.
OhridNews