– И покрај тоа што извештаите на Европската комисија укажуваат дека најдискриминирани се етничките малцинства и заедници, јавноста се дефокусира од нашиот проблем кон луѓето со различна сексуална ориентација, рече претседателот на Сојузот на Балкански Египќани, Рубин Земон.
На средбата со новинарите стана збор и за проблемот со евиденција на припадниците на помалите заедници во институциите, при што се изрази очекување дека на наредниот попис тие соодветно ќе бидат евидентирани со што ќе се спречи нивна асимилација.