Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2011 година, во споредба со мај 2011 година, е зголемен за 0.3%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 1.5%.

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-јуни 2011 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.7%, додека во однос на декември 2010 година е намален за 1.0%.

OhridNews