На 29.09.2025 во 20:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „15 Корпус“ во Охрид, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 66-годишно лице од Охрид, удрило во малолетничка.

Таа е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на изврши увидна екипа на СВР Охрид.

OhridNews