ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга, против 44 годишно лице од Струга, управител на правното лице и против 54 годишно лице, вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик.
Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи алкохолни пијалоци, а подоцна, по консумирањето, кај него настанало труење и во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, информираат од МВР.
OhridNews