Рано утрото на 2 август, во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди се здобил 15 годишно малолетно лице од Скопје.

 

Истиот, со возило од Итната медицинска помош е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, биле констатирани тешки телесни повреди, информира СВР Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

OhridNews
Фото: Архива