Во рамките на своите законски овластувања и надлежности, изминатиов викенд, Секторот за Внатрешни работи Охрид презеде мерки односно интензивни контролни активности по угостителските објекти низ градот. Целта на акциските контроли беа регистрирање и елиминирање на прекршоци во однос на присуство на малолетни лица после 24 часот, точење на алкохол на малолетни лица како и по други основи од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Во акцијата беа опфатени сите кафе-барови, ноќни клубови, дискотеки но и други угостителски објекти. Во отворена дискотека при секоја контрола, било регистрирано присуство на малолетници после 24 часот кои консумираат алкохол, а во еден кафе–бар регистрирано било нарушување на јавниот ред и мир со користење на музички инструменти.
Во дел од угостителските објекти, регистрирани се прекршоци односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота. По изготвените записници, од страна на полициските службеници, против овие правни субјекти, ке бидат поднесени соодветни пријави.-соопшти СВР Охрид.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) работи на проширување на коловозот на патниот правец Р2234, од селото Долно Татеши до селото Мислодежда, струшко во должина од 3500 метри и вредност о...
Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Н...
Поради два одделни настанати дефекти, прекин во водоснабдувањето има во сЉубаништа и на улиците „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.