Ракометната репрезентација на Македонија на реванш натпреварот во Клуж против селекцијата на Романија ќе ја брани предноста од осум голови остварена после победата 32-24 во скопската арена „Борис Трајкоски“.

И покрај релативно големата позитива македонските ракометари не летаат во облаци и смирено се подготвуваат за реваншот кој ќе се одигра во 17 часот и 30 минути.

– Имаме голема предност, но смееме да се опуштиме и да мислиме дека се е готово. Нашата задача на реваншот е добро да го отвориме мечот и да не им дозволиме да се разиграат. Свесни сме за нашиот квалитет и за шансата која ја имаме и во никој случај не смееме да ја прокоцкаме. – изјави левото крило, Дејан Манасков.

Шефот на стручниот штаб, Раул Гонзалес очекува промени во романската селекција предводена од неговиот сонародник Чави Пасквал. – Сигурен сум дека ќе ја променат играта, бидејќи им треба победа со висока разлика. Нам ни преостанува да одиграме добро како во Скопје и да го завериме пласманот на ракометниот Мундијал. – додаде селекторот.

„Црвено жолтите“ до сега има настапено на пет мундијали, а најголемиот успех го забележа во Катар завршувајќи на деветтата позиција.

OhridNews