Најдобриот ракометар на Македонија за минатиот век Пепи Манасков беше во Струга каде ги следеше мечевите од ракометниот бисер. Своевремено и тој како играч беше дел од овој турнир а неколку пати беше прогласуван и за најдобар стрелец.

–    Ова е добар сигнал да се врати сјајот но и квалитетот на струшкиот ракомтен турнир кој во последните неколку години беше квалиттивно опаднат. Тоа секако е добро за ракометот, во моето време учесвуваа многу реномирани екипи, јас лично го имам освоено четири пат, два пати со Пелистер и два пати со Вардар. Ракометот е спорт број во Македонија, самиот квалитет на овие екипи допринесува публиката да ужива во врвен ракомет.

Неговиот син го наследи на ракометните терени, иако барем за сега е далеку е постигнувањето на неговиот татко.

– Чувството е прекрасно да се гледа Дејан кој полека прераснува во одличен ракометар, му требаат вака силни мечеви, Металург тоа му го нуди и мислам дека треба да ја искористи таа шанса. Посакувам ако не друго барем да ги повтори моите постигнувања –вели Манасков.

Манасков година ќе продолжи да ја води екипата на Куманово со која игра во првата рунда од купот на ЕХФ.

фото Емилио
М.П.