Пред празникот Велики Поклади Прочка, познатиот македонски манастир Св. Јован Крстител – Бигорски, промовираше краток видео запис насловен како „Умилителна Вечерна на простувањето – Прочка во Бигорски“. Во видеото се искористени материјали од минатогодишното празнување на Прочка во Бигорскиот манастир.


Манастирот Бигорски со видео за празникот Прочка

Празникот Прочка, или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името Проштени Поклади). Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости.

OhridNews