По повод празникот Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка) и манастирската слава вечерва во манастирот „Света Петка“ во Велгошти, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 18 часот.

Богослужба по повод празникот во манастирот „Света Петка“ – Велгошти, ќе има и утре со почеток во 8.30 часот.

Богослужби ќе има и во сите други парохиски цркви во Охрид.

OhridNews