По заминувањето на Робин Ван Перси (Фенербахче) и Радамел Фалкао (Челси), Манчестер Јунајтед се уште трага по нова деветка. Според англискиот Мирор, Луис Ван Гал подготвил понуда вредна 71 милион евра за напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн.
Англискиот репрезентативец според многумина би бил идеален партнер на Вејн Руни во нападот. – Ќе изненадиме со изборот на нов напаѓач- помпезмо најавуваше Ван Гал.
Кејн минатата сезона во 51 меч постигна 31 погодок што го направи вистинска сензација на островото. Неговиот трансфер во Јунајтед би бил чекор напред во неговата кариера. Минатиот викенд “ѓаволите“ со 1-0 го совладаа Тотенхем во првата рунда од Премирлигата.
Оhridnews