Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо на три дена од почетокот на турнејата на клубо во Кина го објави списокот на играчи.
На него ги нема францускиот репрезентативец Ентони Марсијал и новиот член на Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ.
Французинот дополнителен одмор од Мурињо има добиено поради настапите со репрезентацијата на ЕП додека Ибрахимовиќ ќе се подготвува сам во Европа.
На турнеајата во Кина, Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Борусија Дортмунд (22 јули), Манчестер Сити (25 јули) и Галатасарај (30 јули).
Последниот контролен натпревар „ѓаволите“ ќе го одиграат на Олд Трафорд против Евертон во чест на Вејн Руни кој повеќе од една деценија го носи дресот на Манчестер Јунајтед.
OhridNews