Манчестер Јунајтед во четвртфиналето од ФА Купот закажа меч со Вест Хем откако во осминафиналето го совлада Шревзбери со 3-0.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гaл сериозно ја свати шансата за трофеј во ФА Купот и на мегдан со третолигаш го изваде најјакиот состав.
Таквиот пристап на гостите им донесе комотна предност (2-0) уште по првиот дел со головите на Крис Смолинг и Хуан Мата.
Сите дилеми иако ги немаше фудбалерите од Олд Трафорд ги решија во второто полувреме после голот на Џеси Лингард.
Во четвртфиналето покрај Манчестер Јунајтед и Вест Хем ќе се сретнат Ридинг – Кристал Палас, Евертон – Челси и Ватфорд со победникот од мечот меѓу Хул и Арсенал.
OhridNews











