Последниве години, односно по заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година клубот од Олд Трафорд бележи пад на резултатски план, но „црвените ѓаволи“ се уште доминираат во светскиот фудбал.


Манчестер Јунајтед изминатата година има продадено најмногу дресови вкупно 2.850,000 и ги остави зад себе Реал Мадрид 2,290,000 и Барселона 2,290,000 кои се последните три шампиони на Европа.

За илустрација на популарноста на „бебињата“ е тоа што екипите на Ливерпул и Арсенал заедно немаат продадено дресови колку Манчестер Јунајтед.

Високо на листата котира Челси кој со 1.650.000 продадени дресови се наоѓа на четвртата позиција пред Баерн Минхен со 1,500,000.

Топ 10 клубови по продадени дресови:

1. Манчестер Јунајтед 2.850.000

2. Реал Мадрид 2.290.000

3. Барселона 1.980.000

4. Челси 1.650.000

5. Баерн Минхен 1.500.000

6. Арсенал 1.225.000

7. Јувентус 850 000

8. Ливерпул 705 000

9. ПСЖ 685 000

10. Милан 650 000

OhridNews