Менаџерот на Челси, Антонио Конте стопираше секакви преговори помеѓу Манчестер Јунајтед и српскиот репрезентативец, Немања Матиќ.

Како причина за таквата реакција на италијанскиот стручњак e реализираниот трансфер на Ромелу Лукаку на „црвените ѓаволи“ од Евертон, кој исто беше желба на „сините“.

Матиќ често се поврзуваше со преселба на Олд Трафорд, но изгледа нема да се случи тоа по најновите случувања на Стемфорд Бриџ, односно лутината на Конте.

Манчестер Јунајтед покрај Лукаку го ангажираше и Виктор Линделоф, додека Челси се уште нема повлечене конкретен потег на трансфер пазарот.

OhridNews