Манчестер Јунајтед му го расипа перфектниот скор на Арсенал на домашните мечеви во Премиер лигата, откако во дербито на Емирати четата на Жозе Мурињо славеше со 3-1.

„Црвените ѓаволи“ во првите 15-тина минути максимално ги искористија своите шанси постигнувајќи два погодоци. „Топчиите“ притиснаа, но не успеаја да постигнат погодок во првиот дел.

Тоа од „раце“ на домаќините им појде на стартот од второто полувреме кога намалија на 2-1. Арсенал нападна со сите сили, но немаше одговор за Де Геа, а добрата игра во одбрана гостите ја крунисаа со уште еден погодок за победа.

Црна дамка во победата на Манчестер Јунајтед остави црвениот картон на Пол Погба кој сигурно ќе пропушти минимум два натпревари.

„Црвените ѓаволи“ со ветар во грб од триумфот над Арсенал ќе го пречекаат Манчестер Сити во дербито на Олд Трафорд.

OhridNews