Манчестер Јунајтед го прегази актуелниот шампион во Премиер лигата, Лестер совладувајќи го со 4-1 на Олд Трафорд во првиот меч од шестата рунда во првенството.


„Црвените ѓаволи“ одиграа полувреме за паметење постигнувајќи четири погодоци. Во 22-та минута голеадата ја најави Крис Смолинг, а во 37-та ја продолжи Хуан Мата.


Во 40-та Маркус Рашфорд зголеми на 3-0, а „покерот“ во мрежата на „лисиците“ го комплетираше Пол Погба за кого ова е деби погодок во Премиер лигата.


Лестер, се ослободи од притисокот во вториот дел и успеа да го ублажи поразот постигнувајќи погодок преку Греј во 60-та минута.


Со трите бодови од овој меч „бебињата“ стигнаа до 12-от сезонава додека фудбалерите на Лестер останаа со седум поени на табелата.

OhridNews