Најтрофејните клубови од Англија и Холандија, Манчестер Јунајтед и Ајакс еден против друг ќе ги одмерат силите во финалето во Лигата на Европа кое ќе се одигра на 24 мај во Стокхлом.
Лесно можеше да се случи Селта да им ги замрси сметките на „црвените ѓаволи“, откако во 85-та минута изедначија 1-1, а во финишот имаа шанса за втор погодок кој ќе ги однесеше во финалето. Претходно, во првиот дел домаќините со голот на Фелаини поведоа со 1-0. Пред судиското продолжение Баи и стрелецот на голот за шпанците Ронкаглија добија директни црвени картони после гужвата која се направи на средината од теренот.
Францускиот Лион победи (3-1), но за еден гол не направи подвиг против Ајакс и не ја анулираше во целост предноста на холандскиот состав од првиот натпревар (4-1).
Големото финале се игра во Шведска, а влогот покрај трофејот е и директен пласман во групната фаза во ЛШ за следната сезона.
OhridNews