Лутите ривали Манчестер Јунајтед и Арсенал пуштија рака и со трампа на Хенрик Мхитарија и Алексис Санчез без никаква доплата од страна на „црвените ѓаволи“ ќе ја завршат сагата околу овие двајца фудбалери

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез и Мхитаријан пристигнале во новите клубови и до официјализирање на договорите останува успешно да ги поминат медицинските прегледи.

Манчестер Јунајтед во обидот да го ангажира Алексис Санчез го надмудри градскиот ривал Манчестер Сити кој уште во летниот преоден рок проба, но не најде заеднички јазик со „топчиите“ за ангажман на Чилеанецот. 


Алексис Санчез фотографиран во тренингот центарот од Манчестер.

На Мхитаријан ќе му се исполни желбата да заигра во дресот на Арсенал иако имаше добра сезона со „црвените ѓаволи“ освојувајќи три титули во првата година.

Официјална презентација на новите фудбалери се уште не е закажана, но во текот на овој ден се очекува да се потврдат трансферите и да биде закажано промовирање.

OhridNews