Манчестер Јунајтед продолжи да доминира во англискиот фудбал кога се работи за финансиите објавувајќи рекорден профит од половонина милијарда фунти минатата година. 


Клубот од Олд Трафорд стана првиот во Англија кој ја премина магичната граница, а точниот износ изнесува 515 милиони фунти.

– Имавме рекордни резултати кога се во прашање финансиите што ја потврдува добрата работа на клубот надвор од теренот. Годинава и сезонава ќе продолжиме во ист ритам и покрај не учеството во ЛШ ќе имаме позитивни бројки на крајот. – рече спортскиот директор Ед Вудвард.

„Црвените ѓаволи“ најголем профит имаат од мега договорот со Адидас кој изнесува 600 милиони фунти. Во текот на сезоната вкупно нови 14 спонзори објавија соработка со екипата од Олд Трафорд.

Сепак, најтрофејниот клуб во Премиер лигата не е прв во светски рамки кој ја има префрлено оваа граница. Минатата година профит од 540 милиони фунти објави Барселона која доминира на кинескиот пазар.

OhridNews