Манчестер јунајтед ќе испрати понуда до ПСЖ за ангажман на бразилската ѕвезда Нејмар, пишува угледниот „Дон Балон“.

Тимот на Жозе Мурињо е спонзориран од американскиот автомобилски гигант „Шевролет“, каде сметаат дека ангажманот на Нејмар ќе и помогне на компанијата да ја прошири продажбата во Европа и Азија.

Португалскиот стратег веројатно би бил пресреќен доколку се оствари овој трансфер, но за тоа се прашува и Реал Мадрид, кој засега е фаворит број еден за потпис на Нејмар, доколку бразилскиот ас го напушти ПСЖ.

OhridNews