Еден од најбогатите и најпопуларните клубови во светот, Манчестер Јунајтед го шокираше светот откако одлучи да штеди на дресовите од играчите.


Управата на клубот од Олд Трафорд им забрани на фудбалерите да ги менуваат дресовите после завршување на натпреварите, нешто што е вообичаено на фудбалските терени.

Објаснувањето на англиските медиуми за ваквиот чин на најтрофејниот клуб во Премиер лигата е зголемувањето на продажбата на дресови.

„Црвените ѓаволи“ летово го срушија трансфер рекордот купувајќи го Пол Погба за 105 милиони евра, а половина од средствата клубот ги има вратено токму од продажбата на дресовите со името на Французинот.

Сепак, овој потег е непопуларен за Манчестер Јунајтед кој има репутација на фудбалски бренд во светот.

OhridNews