Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд претрпе пораз 2-1 од градскиот ривал Манчестер Сити и не го положи шампионскиот испит за јубилејната 20-та титула во Премиер лигата. Со оваа победа “граѓаните“ ја намалија разликата на 12 бодови и за момент ја вратија неизвесноста во трката за трофејот во колевката на фудбалот.


По мирното прво полувреме во кое двете екипи немаа поконкретни шанси за погодок, “стрелците“ ги наместија нишанските справи во второто.

“Граѓаните“ со голот на Милнер во 51-та минута го отворија резултатот. Примениот погодок не ги разниша фудбалерите на Јунајтед и осум минути подоцна израмнаија 1-1 со автоголот на Компани.

Во 79-та минута Јунајтед доживеа уште еден шок, кога Агуеро се прошета низ одбраната и ја затресе мрежата за 2-1. “Црвените ѓаволи“ немаа сили за уште еден “кам бек“ и го претрпеа вториот пораз на домашен терен сезонава.

До крајот на англискиот шампионат остануваат уште седум кола, а во нив Јунајтед влегува со предност од 12 бодови.

Мх.П.