Англиските клубови имаат посебна поврзаност со навивачите и се ќе направат тие да бидат задоволни и среќни. Манчестер Јунајтед го потврди тоа одлучувајќи на свој трошок да ги носи навивачите во Русија за првиот натпревар во 1/8 финалето во Лигата на Европа против Ростов.


Навивачите на Манчестер Јунајтед најавија инвазија на Русија, но проблем преставуваат скапите визи кои изнесуваат 120 фунти. Клубот од Олд Трафорд покажа зошто е светски бренд број еден во спортот издвојувајќи финански средства за визите на сите навивачи кои ќе добијат.

Пулените на португалскиот стратег Жозе Мурињо натпреварот со Ростов ќе го одиграат в четврток со почеток во 19 часот. Рускиот тим беше најнепосакуван противник на „специјалниот“ поради далечината и долгото патување.

Сепак, со добра и евентуална победа Мурињо, фудбалерите и навивачите можат по добро да го паметат гостувањето во Русија.

OhridNews