Дејвид Мојс за една и Луис ван Гал за две сезони успеаја да го избришат сјајсот кој го красеше Манчестер Јунајтед последниве 20-тина години во анлгискиот фудбал.
Сер Алекс Фергусон направи гигант од клубот и надвор од фудбалските граници, но сето тоа падна во вода по неговото заминување.
Свој осврт на работата на двата менаџери даде и Луис Нани кој токму под директива на Фергусон беше доведен на Олд Трафорд 2008 година од Спортинг Лисабон.
– Сега најдобро се гледа за грешките кои се направија по заминувањето на Фергусон. Тој ни беше како татко. Со него можевме да разговараме за било какви теми, што не беше случај со Мојс и Ван Гал. Холанѓанецот покрај што не ми даде шанса да се докажам воопшти не ни веруваше мене. Придонесов многу за клубот, а Ван Гал не ми дозволи да станам легенда. Методите на работа воопшто не беа прифатливи. Тој и неговите помошници викаат на сите играчи како да се мали деца. Затоа, Јунајтед го изгуби шампионскиот медот и од далеку не е оној клубо кој преставуваше опасност за секој противник. – рече Нани.
Португалецот во првата сезона на Олд Трафорд ја освои титулата од Лигата на Шампиони и Премиер лигата, а од клубот замина 2015 година откако сезона цела помина позајмица во Спортинг.
OhridNews