Манчестер Јунајтед со две минимални победи без примен погодок (1-0) ја започна новата сезона во Премиер лигата и наговести борба за титулата со останатите конкуренти.
„Црвените ѓаволи“ на трансфер пазарот летово беа едни од поактивните екипи, но на Олд Трафорд доведуваа фудбалери од средината и нападот не и одбранбени.
Јунајтед се поврзуваше со Николас Отаменди од Валенсија и новиот капитен на „кралевите“, Серхио Рамос, но првиот го одбра Манчестер Сити, а шпанскиот репрезентативец го продолжи договорот со Реал Мадрид.
„Граѓаните“ за услугите на Отаменди ќе исплатат од 40 до 45 милиони евра, а на Местаља на едногодишна позајмица ќе го испратат Мангала.
Рамос кој не криеше дека сака да се пресели во англиската Премиер лигата потпиша верност со десеткратниот Европски првак до 2020 година.
Менаџерот на „ѓаволите“, Луис ван Гал има две недели да се насочи кон нов дефанзивец кој би бил последно засилување.
Мх.П.