Освојувач на трофејот во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед го совлада Европскиот првак, Реал Мадрид после изведување на пеналите 2-1 (1-1) во „генералката“ која се одигра во Санта Клара во САД.

Регуларниот дел од мечот заврши без победник 1-1. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Џеси Лингард после одличниот продор на Ентони Марсијал, додека „кралевите“ изедначи после еден час игра преку Касемиро, кој прецизно биеше од белата точка.

Во пенал рулетот главниот збор го имаа голманите. Во првите две серии двајцата голмани ги сочуваа мрежите. Во третата погодија двајцата фудбалери, а во четвртата одново промашија. Петтата последна серија го даде победникот, откако англичаните погодија, а шпанците не.

Токму овие две екипи на 8 август во Скопје на „Телеком арената“ ќе ги одмерат силите во рамките од Супер купот на Европа. Жозе Мурињо и Зинедин Зидан сигурно зачуваа по некоја тајна, а дали е така ќе дознаеме наскоро, односно на 8 август.

OhridNews