Манчестер Јунајтед е првиот клуб кој направи чекор напред за ангажман на францускиот репрезентативец Ентони Гризман кој настапува во Атлетико Мадрид.


Челниците од Манчестер Јунајтед оствариле средба со менаџерот на Французинот кој за медиумите ја потврди информацијата. „Црвените ѓаволи“ подготвени се да платата 108 милиони евра колку што изнесува клаузулата на Гризман во договорот со „јорганџиите“.

– Моментално сме во фаза во која собираме информации за заинтересираните клубови за услугите на Гризман. Како што знаеме сите во неговиот договор има клаузула од 100 милиони евра, а Јунајтед има сериозни намери и може да го плати обештетувањето. – изјави менаџерот на Гризман.

Евентуалното доведување на Гризман на Олд Трафорд би требало да биде голгетерско решение за „црвените ѓаволи“ кои поради повреда го загубија Златан Ибрахимовиќ, а и со него во составот имаат најслаб напад во топ 7 екипите во Премиер лигата.

OhridNews