Екипата на Ватфорд го совлада бранителот на титулата Арсенал со 2-1 и се пласираше во полуфиналето во ФА Купот. Ниту предноста на домашен терен не беше доволна за „топчиите“ кои оваа сезона ќе останат без трофеј.


Ова е одлично, пресреќен сум за играчите и за фановите кои допатуваа во Лондон, ова е нешто неверојатно – рече по мечот тренерот на Ватфорд, Кике Санчез Флоре

За нијанса подобро помина Манчестер Јунајтед кој успеа со голот на Марсијал во финишот на мечот да се ивлече за реми 1-1. Претходно „чеканите“ дојдоа во предност со голот на Паје. Пласманот во полуфиналето ќе биде одлучен по мечот на кој домаќин ќе биде Вест Хем.


По мечот со Ливерпул бевме изморени, и псхички и физички. Сепак одигравме добар меч и јас им честитам на моите фудбалери – истакна Ван Гал.

OhridNews