Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити ангажираше нов фудбалер во одбраната, откако договори петгодишна соработка со Бенџамин Менди од тимот на Монако.
Французинот е вкупно трето засилување за „граѓаните“ на бековските позиции. Претходно, клубот од Етихад ги престави Кајл Вокер од Тотенхем и Данило од Реал Мадрид.
„Кнезовите“ од продажбата на Менди ќе инкасираат 52 милиони евра и полека го преземаат клубот со најголема заработка од трансферите ова лето.
OhridNews