Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјавил нешто што нема да им се допадне на навивачите и сопственици на клубот од „синиот дел на Манчестер“.

Шпанецот за „Еспортиу“ рекол дека најмалку десет години се потребни Сити да го достигне нивото на кое се наоѓаат Барселона, Реал, Баерн, Јувентус.

„Сити има одличен тим кој последните пет сезони игра во Лигата на шампиони, специфичен е во Англија, но да се достигне нивото на Барселона, Реал, Баерн, Јувентус… многу е компликувано. За тоа е потребно време, најмалку деценија“, рекол Гвариола.

Пеп Гвардиола во својата прва сезона како менаџер на Манчестер Сити не успеа да освои ниту еден трофеј, што му се случува прв во тренерската кариера.

OhridNews