Титулата есенски шампион и најдолгата победничка серија во Премиер лигата на Манчестер Сити му донесе убедлива бодовна предност на табелата и индивидуални признанија.

Најнова награда за „граѓаните“ е доминацијата во идеалниот тим за есенската полусезона во Премиер лигата. Осум од единаесет играчи во тимот на полусезона доаѓаат од Етихад, додека другите се Манчестер Јунајтед, Барнли и Ливерпул.

Идеалниот состав: Давид де Геа (Мен Ју), Кајл Вокер (Мен Сити), Николас Отаменди (Мен Сити), Џејмс Тарковски (Барнли), Фабијан Делф (Мен Сити), Давид Силва (Мен Сити), Фернандињо (Мен Сити), Кевин де Брујне (Мен Сити), Рахим Стерлинг (Мен Сити), Мухамед Салах (Ливерпул) и Лерој Сане (Мен Сити).

Специјализираниот интернационален интернет портал „Goal.com“ направи тим и од играчите кои најмногу разочараа во првата полусезона.

Најлошиот состав: Џо Харт (Вест Хем), Ешли Вилијамс (Евертон), Виктор Линделоф (Мен Ју), Чедрик Соареш (Саутемптон), Дени Роуз (Тотенхем), Џонџо Шелви (Њукасл), Тиме Бакајоко (Челси), Хенрик Мхтаријан (Мен Ју), Алексис Санчез (Арсенал) и Кристијан Бентеке (Кристал Палас).

OhridNews