Водечката екипа во англиската Премиер лигата, Манчестер Сити е фаворит број еден за титулата во Лигата на Шампиони според светските обложувалници.

Коефициентот на „граѓаните“ за шампиони на Европа изнесува 4.3, додека за вториот фаворит за трофејот еминхенски Баерн со (5.7) коефициентот. Трета екипа на листата фаворити е ПСЖ со 6 коефициент, додека за Барселона коефициентот е 9, а за актуелниот првак Реал Мадрид дека ќе одбрани титулата коефициентот е 10. Градскиот ривал на Манчестер Сити, Јунајтед има коефициент 15, а по 17 имаат италијанскиот шампион Јувентус и Ливерпул.

Во втората половина Тотенхем има коефициент 25, а Челси и Рома по 35. Порто, Севиља и Шахјтро Доњецк имаат 100 коефициент, Бешикташ 200, а најголем коефициент има Базел дури 400.  

Одговор на ова прашање фудбалска Европа ќе добие полека, почнувајќи од вечерва кога на програмата се првите осминафинални мечеви од нокаут фазата.

OhridNews