Англискиот премирерлигаш Манчестер Сити во името на Марлос Морено го обезбеди седмото засилување за новата сезона.


Но, за разлика од претходните шест сега веќе екс фудбалерот на Атлетико Национал веднаш премина во Депортиво на позајмица и нема да биде дел од „граѓаните“.

19-годишниот Колумбиец кој е потенцијален репрезентативец дејствува во нападот. Марлос Морено сите младински категории ги помина во Атлетико Национал и е голема надеж во зејмата.

OhridNews