Фудбалерите на Манчестер Сити го продолжија стопроцетниот ефект во Премиер лигата победувајќи го Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со 2-1.
Градската пресметка во 4-та рунда во најсилната англиска лига помина во фокусот на дуелот меѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.
Пулените на шпанскиот стратег со маестраланата игра во првиот дел обезбедија предност (2-1) која ја задржаа во вториот дел. За „граѓаните“ погодија Кевин де Брујин и Ихеначо, а трошка надеж за поволен резултат врати Златан Ибрахимовиќ.
„Црвените ѓаволи“ имаа теренска иницијатива во второто полувреме, но не успеаја да најдат начин да го совладаа несигурниот Клаудио Браво.
Со триумфот во градското дерби Сити изби сам на првата позиција, прв пат од почетокот на новата сезона во Премиер лигата.
OhridNews