Водечката екипа во Премиер лигата, Манчестер Сити на гостувањето кај Свонси славеше со 4-0 и ја забележа 15-та победа во серија, што преставува нов рекорд во англискиот фудбал. До сега рекордот беше во сопственост на Арсенал кој врза 14 победи во серија, но во две различни сезони.

„Граѓаните“ за седум минути, од 27-та до 34-та минута постигнаа два голови и го решија победникот. Во второто полувреме постигнаа уште два и ја запечатија победа со рекордерски шмек.

Второпласираниот на табелата, Манчестер Јунајтед го преболе поразот од Манчестер Сити во градската пресметка, откако со минималната победа (1-0) над Бурнмаут се врати на триумфалните патеки.

„Црвените“ од Енфилд неочекувано ремизираа без голови со ВБА, а исти епилог имаше и дуелот помеѓу Вест Хем и Арсенал.

Резултати: Њукасл – Евертон 0-1, Саутемптон – Лестер 1-4, Свонси – Мен Сити 0-4, Ливерпул – ВБА 0-0, Тотенхем – Брајтон 2-0, Мен Ју – Бурнмаут 1-0, Вест Хем – Арсенал 0-0.

Табела: Мен Сити 49, Мен Ју 38, Челси 35, Тотенхем 31, Ливерпул 31, Барнли 31, Арсенал 30…

OhridNews