Екипите на Манчестер Сити и Евертон ги поделија бодови на Етихад стадионот ремизирајќи 1-1 во последниот меч од втората рунда во Премиер лигата.
„Карамелите“ беа блиску до победата. Поведоа со голот на Вејн Руни во 35-та минута, а од 44-та играа со фудбалер повеќе, откако Кајл Вокер доби два жолти картони. Домашните фудбалери и со играч помалку успеајда стигнат до реми. Стрелец на голот беше Рахим Стерлинг во 82-та минута. Силите на теренот се израмнија по црвениот картон на Морган Шнајдерлин во финишот од мечот.
И двете екипи го освоија четвртиот бод сезонава и останаа на една победа, остварена во првата рунда.
OhridNews