Францускиот состав Пари Сент Жермен активираше нова бомба на трансфер пазарот ангажирајќи го Килијан М`бапе од тимот на Монако.
„Светците“ талентираниот фудбалер го позајмија една сезона, а следната ќе мораат да го откупат од составот на Монако, кој би требало да заработи 166 милиони евра од целокупниот трансфер.
Епетитот на губитник во последниот ден од трансфер пазарот го доби Манчестер Сити, откако не успеа да го доведе во своите редови Алексис Санчез. Фудбалерот и клубот од Етихад најдоа заеднички јазик, но Арсенал не дозволи негов трансфер.
Затоа, Арсенал попушти и на Енфилд за сума од 35 милиони фунти го ослободи Алекс Окслејд Чемберлејн. Англискиот репрезентативец беше на крстопат, бидејќи во игра за неговиот потпис беше и Челси, кој пак го доведе Дени Дринквотер од Лестер.
Сепак, летово најголем транфес потрес во Европа предизвика преселување на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
OhridNews